Цеца: Имав само 22 години кога открив дека имам проблем да забременам

од Stefanija Kuzmanovska
501 прегледи

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ е меѓу првите јавни личности во регионот која проговори за вештачкото оплодување.

Била многу млада кога дознала дека има проблем да остане бремена, за што отворено зборуваше.

„Имав само 22 години кога открив дека имам проблем да забременам, па отидов во болницата Народни фронт на ин витро оплодување“, изјавила Цеца своевремено, пренесува „Блиц“.

„Мојот покоен сопруг ме поддржа и учествуваше со мене во комплетната програма, иако беше очигледно дека тој немаше проблем, со оглед на тоа дека веќе имаше седум деца“, додала Цеца.

Потсетуваме, пејачката во 1995 година го роди синот Вељко, а три години подоцна и ќерката Анастасија.

Слични содржини