Највисоко ценетиот телевизиски актер Чарли Шин е подготвен да се раздели со еден од своите автомобили.e9225043881117831525eb930f4ec20e

Тоа е црниот Maybach 62S кој актерот го купува во 2009 година, а малку подоцна решава да е оклопен.

Автомобилот е огласен во eBay, а аукцијата завршува по малку повеќе од два дена – на 19.02.2016 година. Веќе има над 150 наддавања, а збирот во моментов е 241 000 долар.

Претходно имаше можност за директна продажба по цена од 325 000 долари, но оваа опција веќе не е достапна.

Што се однесува до колата, актерот купува од официјален дилер во 2009 година, а во 2012 ѝ порачува на компанијата Armormax да ја оклопи. Автомобилот има поминати 27 000 милји и е во одлична состојба, гласи огласот.

Чарли, познат по бунтовничкиот начин на живот, беше исфрлен од серијата “Два и пол мажи”, а неодамна призна дека е ХИВ позитивен. Актерот сепак продолжува да биде миленик на публиката, а се очекува црната лимузина да биде продадена за околу 400 000 долари.

Фото: eBay

Слични содржини