Чарлс не сака да ги покани Хари и Меган на неговиот 75-ти роденден, причината е Камила

од Stefanija Kuzmanovska
285 прегледи

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл пред три години одлучија да го напуштат кралското семејство и да се преселат во САД.

Дури и тогаш, нивниот однос со монархијата веќе беше прилично затегнат, а работите беа уште полоши по интервјуто што Хари и Меган го дадоа на Опра Винфри, како и мемоарите на Хари „Резерва“.

Во нивните интервјуа и во книгата, тие прилично го „оцрнија“ кралското семејство, а фактот дека принцот не е во најдобри односи со семејството беше забележан и на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс, во март оваа година.

Имено, војводата од Сасекс веднаш по церемонијата се врати во САД кај сопругата и децата, а кралското семејство годинава јавно не го одбележа роденденот на Хари, ниту пак му испрати честитки преку официјалните профили, што вообичаено го прават.

Како што изјави за „Телеграф“ извор близок до британското кралско семејство, Хари не добил многу убави зборови од својот татко, ниту од неговиот брат Вилијам, ниту пред ниту по крунисувањето.

„Комуникацијата меѓу кралот и принцот Хари се уште е прилично лоша. Не разговараат многу, ако и воопшто разговараат“, изјавил изворот за споменатите медиуми.

Изворот исто така навел дека е познато дека кралот Чарлс е премногу зафатен со обврски, како и дека повеќе сака да комуницира со разговор на телефон, а не преку е-пошта, смс пораки или апликации како Вибер и WhatsApp. Сепак, тоа секако не е причина тој да не разговара со својот син.

Изворот за гореспоменатите медиуми изјавил дека друга причина за ваквата ситуација е „разочарувањето на кралот од начинот на кој Хари ја опишал кралицата Камила во својата книга“.

Имено, принцот за својата маќеа напишал дека е „опасна и злобна“, а истакнал и дека таа и неговиот татко „се виновни за бројните приказни кои кружат за него“.

„Имам измешани чувства за тоа дека имам маќеа која неодамна ме жртвуваше на нејзиниот ПР олтар“, напиша Хари во својата книга.

Слични содржини