Чави по елиминацијата во Купот: Ќе биде тешко да се опоравиме од овој удар, но мора да продолжиме да веруваме

од Vladimir Zorba

Барселона доживеа ново разочарување откако испадна од Кралскиот Куп. Каталонците загубија со 2:3 по продолженијата од Атлетик Билбао и нема да можат да го одбранат трофејот освоен минатата сезона. Селекторот на тимот Чави Ернандез на прес-конференцијата ги истакна причините за поразот.

„Мислам дека нашиот противник одигра одличен натпревар. Ни беше тешко да влеземе во ритам. Домаќините одлично се бранеа, но голот на Педри ни даде крилја за продолжение. Потоа следуваше пеналот, кој се покажа фатален. Немаме друг избор освен да продолжиме да веруваме во овој проект. Мора да веруваме дека можеме да постигнеме нешто во првенството и во Лигата на Европа. Единствениот начин кој го знам е работата“, изјави поранешниот играч за врска.

„Ќе биде тешко да се опоравиме од овој удар, но веќе размислувам за мечот со Алавес. Ситуацијата со Дембеле не влијаеше на нас. Ова е работа на раководството“, додаде Чави.

Запрашан за состојбата на Ансу Фати кој заработи повреда, тренерот на Барса одговори дека денеска ќе има поголема јасност.

Слични содржини