Чави по Наполи: Тоа беше нашиот најдобар натпревар

од Vladimir Zorba

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, имаше причина да биде среќен по натпреварот против Наполи. Неговиот тим победи со 4:2 на „Диего Армандо Марадона“ и се пласираше во осминафиналето на Лига Европа.

„Можеби ова беше нашиот најсилен натпревар од почетокот на сезоната. Сакавме да доминираме и успеавме. Задоволен сум од напорите што ги вложија играчите, како и од квалитетот на нашата игра“, изјави Чави.

„Резултатот е фер. Многу сум среќен за момците. Ние сме на вистинскиот пат. Притискавме високо секогаш кога ќе ја загубевме топката. Исто како што правиме дома. Наполи исто така се стремеше кон висок пресинг и тоа ни ослободи многу простор“, додаде тренерот на Барса.

Каталонците ќе бидат меѓу тимовите кои не се носители за денешната ждрепка во Нион.

Слични содржини