Чави: Сакам повторно да ги направиме навивачите горди

од Vladimir Zorba

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез изјави дека неговиот тим мора да го даде максимумот во наредниот период.

Тој додаде дека повторно ќе ги направи навивачите горди на тимот.

„Ќе им кажам на моите играчи дека ние сме Барселона, што значи дека треба да дадеме повеќе од 100 проценти од нашите шанси, секоја минута, секоја секунда за да успееме… Подоцна, резултатите ќе зависат од нашите противници и од играта, но ние мораме да направиме нашите навивачи да бидат горди на нас, дури и кога губиме“, изјави поранешниот капитен на каталонскиот клуб.

Чави беше назначен за тренер на Барселона на 6 ноември, откако холандскиот тренер Роналд Куман доби отказ по лошите резултати.

Барселона во моментов го зазема деветтото место во шпанската Примера со 17 бодови, по 12 одиграни натпревари, додека во групата Е од Лигата на шампионите, тој тим на две кола пред крајот го зазема второто место со шест бодови.

Првиот меч на клупата на Барселона Чави ќе го има в сабота, кога неговиот тим во градското дерби го пречекува Еспањол.

Слични содржини