Чавушоглу: Има и такви кои се залагаат за продолжување на операциите во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу предупреди дека меѓу западните земји има и такви кои се залагаат за продолжување на борбените операции во Украина.

Како што наведе, целта е „да ослабне Русија“.

Чавушоглу, исто така, посочи дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган планира одделно да разговара со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски.

„Нашиот претседател има намера да води дијалог и со Путин и со Зеленски во наредниот период. Нашите напори се насочени кон организирање на нивната средба“, рече Чавушоглу, без да прецизира дали станува збор за лични средби или телефонски разговори.

Шефот на турската дипломатија исто така рече дека за време на разговорот со неговиот турски колега во Самарканд, каде што на 15 и 16 септември се одржа самитот на Шангајската организација за соработка, рускиот претседател не ја исклучил можноста Русија да се врати на преговори со Украина.

Слични содржини