Чернева: Бугарија и С.Македонија не можат да зборуваат доколку се однесуваат непријателски и се обвинуваат за лаги

од Nikola Popovski

Според директорката на софиската канцеларија на Европскиот совет за надворешни односи, Весела Чернева, ќе бидат потребни повеќе средби меѓу Софија и Скопје за промена на позицијата на Бугарија. Според неа, бугарско-македонските односи се во најлоша форма.

„Промената на тонот е прва задача за обете страни доколку сакаат дијалог. Две лица не можат да зборуваат ако се однесуваат непријателски кон едни со други, ако меѓусебно се обвинуваат за лаги итн. Идејата е преку конструктивен дијалог, преку мали чекори, постепено да се менуваат овие односи“, коментира Чернева.

Чернева појасни дека позицијата што ја зазема Бугарија е исклучително тешка, а бугарската дипломатија е сместена во аголот.

„Ова го видовме во преговорите за европскиот буџет, сега ќе го видиме во Планот за обновување. Бугарија постојано трпи загуби од фактот дека нејзиниот глас сè помалку се слуша“, додаде таа.

Според Чернева, ако земјата работела поактивно според Договорот за соседство со Северна Македонија од 2017 година, немало да има потреба од вето.

Слични содржини