Четири лица загинаа во лавини во Норвешка, меѓу кои и двајца туристи

од Vladimir Zorba

Во серија лавини на крајниот север на Норвешка загинаа четири лица, соопшти полицијата.

Две лица го загубија животот кога лавина паднала врз куќа и штала, во кои имало 140 кози, на островот Реиноеја, кои ги однела во морето, се вели во соопштението, цитирано од Би-би-си.

Двајца туристи загинаа во две други лавини, а се сомневаат дека се работи за странски државјани чија националност се уште не е позната.

Петмина членови на група странски туристи беа фатени во лавина во близина на Каврингтинден, врв на крајниот север на земјата, а „еден од нив загина“, изјави за новинарите Мортен Петерсен од полицијата во Тромс.

Двајца се повредени, еден во критична состојба, а еден со „умерени повреди“, додаде портпаролот.

Подоцна во текот на денот, полицијата соопшти дека четврто лице загинало во друга лавина во близина на Сторслет во областа Нордрејс, според Би-Би-Си.

Слични содржини