Четврт случај на самоубиство на полицаец од Капитол Хил

од Nikola Popovski

Уште двајца други полицајци кои интервенираа за време на немирите на 6 јануари во американскиот Капитол извршија самоубиство, со што бројот на познати самоубиства на полицајците кои го обезбедија Конгресот тој ден се зголеми на четири, пренесува Ројтерс.

Полицаецот Гунтер Хашида беше пронајден мртов во својот дом во четвртокот каде извршил самоубиство, а друг полицаец, кој беше на должност на 6 јануари во Капитол, Кајл Дефрајтег, на ист начин го заврши животот на 10 јули, изјави портпаролот на полицијата во Вашингтон, пренесува Ројтерс.

Полицаецот од округот Колумбија, Џефри Смит и полицаецот од Капитол, Хауард Либенгуд, кои беа обезбедување на Конгресот за време на немирите на 6 јануари, исто така, си го одземаа животот претходно.

Стотици поддржувачи на тогашниот претседател Доналд Трамп упаднаа во зградата на Конгресот тој ден, во неуспешен обид да ја спречат потврдата за победата на демократскиот претседател Џозеф Бајден на изборите, а четири лица го загубија животот за време на насилствата.

Следниот ден, еден полицаец од Капитол почина кога беше нападнат од демонстрантите, а вкупно повеќе од 100 полицајци беа повредени во ова насилство.

Слични содржини