Легендарниот Чкаља, актер со неповторлив комичарски дух и дарба, неслужбено пред 14 години почина во голема беда, иако беше голем бар и најголем меѓу големите глумци во екс-југословенската држава.
Еден од најпознатите српски актери и еден од најдобрите комичари на територијарта на поранешна Југославија на сите им подари насмевка и хумор. Но, исто така, успешно играше и драмски ликови на тетарските штици. Беше голем уметник и човек, но Миодраг Петровиќ Чкаља умре пред 14 годнини во голема беда и сиромаштија, затоа што отворено се спротивставуваше на тогашниот режим и немаше влакно на јазикот.

Чкаља одбележа една епоха на југословенскиот филм, но за жал умре во беда и практично заборавен и исфрлен од неговите – глумците.
Сега за него и неговото дело одлучи да проговори синот Чедомир Петровиќ. Иако тој пред 20 години глумеше во една епизода од Вруќиот ветар, пред 20 години се откажа од актерската професија и се посвети на книжевноста. Пишува колумни и книги, а во дена од последните: „Беше некогаш едно време кога луѓето беа подобри„, пишува за својот татко.
– Беше многу добар татко. Се трудеше, а и јас се трудев да бидам добар син. Не се каравме, оцвен околу спортот, затоа што заедно го гледавме. Никогаш не ме удрил, а ниту опцул. Не се сеќавам на неговите улоги и хуморот. Јас неговите серии ги гледав како гледач. Тој беше потполно нормален. Единствено неговата популарност беше енормна, раскажува неговиот синот за српски курир
Чкаља на крајот беше заборавен, а и денес ретко го споменуваат, зборува Чедомир.
– Тие ги забораваат дури и живите, а не оние кои веќе ги нема. Тој со никого не се караше. Тој многу беше сакан од народот. Но, на секој му зборуваше во лице- самата вистина. Не сакаа да ја слушаат вистината. Поради тоа трпи мојата ќерка, па дури трпам и јас. Трпиме и никој не не вика во театар, на филм или на телевизија… Сите врати ни се затворени, како Лондоснка банка. Никој не сака да не повика. Мојата Јована е одлична актерка, играше во Југословенско драмско. Дојдоа некои нови млади актери, тоа се кланови. Сепак се гордеам што Чкаља беше таков, открива Чедомир
Остана и запаметен и по еден од последните негови говори кога Чкаља ја примаше наградата Цар Константин.
– Да бев во Америка и таму да ја добив оваа награда прво би се заблагодарил на сопругата, на децата, роднините, потоа на продуцентот и на режисерот. Но, со оглед на тоа, за среќа што живеам во оваа земја Србија, прво му се заблагодарувам на шефот од продавницата кој понекогаш ми остава пензионерска коска, па на соседот од бараката што ми остава млеко, па на мојот поштар кој секогаш на време со задоцнување ми ја носи пензијата. Да не беа тие, не ни бил овде, рекол Чкаља во 2002 година на примањето на наградата за животно дело Цар Консантин.