Член на македонско-бугарската Комисија кон Заев: Политичарите да се воздржат од тврдења и коментари со кои не се запознаени

од Vladimir Zorba

Како член на македонскиот дел од Комисијата, лично се оградувам и ги осудувам последните изјави на Премиерот и апелирам политичарите да се воздржуваат од тврдења и коментари со кои не се запознаени и не се од нивниот домен на познавања и експертиза, пишува д-р Љубица Спасовска на својот Фејсбук профил.

Во цела западна историографија и во доменот на јавна историја терминот окупација е општоприфатен и за улогата на Бугарија во Втората Светска Војна доволно говори мировниот договор потпишан со сојузниците вклучително и со Македонија како дел од Југославија во 1947, вели таа.

Заев во интервју за БГНЕС рече дека „Бугарија не е фашистичка земја, Бугарија е наш пријател“.

– Новите генерации не ја знаат целата оваа реалност и таа мора да нѐ обедини. И во Северна Македонија и во Бугарија, ова влијае на луѓето на многу погрешен начин“, рече Заев во еден дел од интервјуто.

Потоа додаде дека во земјава веќе се заменети повеќе од 20 табли каде што е напишано „бугарски фашистички окупатор“.

– Ова не е точно – Бугарија не е фашистичка земја, Бугарија е наш пријател”, рече Заев во аџинтервјуто за БГНЕС.

Слични содржини