Чоколадни топчиња со вишни и ореви

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 200 гр шеќер

– 300 гр мелени ореви

– 100 гр чоколадо

– 200 ml вода

– вишни (од компот или замрзнати)

– мелени ореви или лешници

Подготовка:

Шеќерот прелијте го со 200 милилитри вода, оставете да зоврие, намалете ја температурата и продолжете со мешањето уште неколку минути.

Се трга од оган, се додава искршената чоколада и мелените ореви. Добро измешајте ја масата и оставете да се излади.

Од приготвената маса се оформуваат топчиња, па во секоја се става по една вишна, па потоа се валкаат во мелени ореви или лешници по желба.

Готовите топчиња оставете ги да се исушат еден до два часа, па послужете.

Слични содржини