Чудо во Албанија: По два дена од урнатините извлечен 33-годишен маж (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Спасувачките екипи во Албанија успеаја два дена по силниот земјотрес од урнатините да извлечат жив 33-годишен маж.

Бројот на настрадани во земјотресот во Албанија се искачи на 49. Бројни спасувачки екипи од Албанија и регионот меѓу кои и од Македонија, веќе четврти ден се обидуваат да пронајдат знаци на живот во разрушениот Драч и околните места.

Младото момче, жител на Тумане извлечен е во драматична акција од урнатините под кои минал цели два дена.

Толку им требало на специјалните екипи да го отстранат бетонот и шутот кои го затрупале човекот.

Слични содржини