Чуварот на кучињата на Гага доживува трауми 3 месеци по несреќата

од Stefanija Kuzmanovska

Шетачот на кучињата и пријател на Лејди Гага, Рајан Фишер беше ранет во февруари кога ги изнесе  на прошетка милениците на пејачката. Тој претрпе сериозни последици за време на нападот, и беше итно хоспитализиран, а денес по три месеци страда од траума од тој период.

Фишер вели дека се чувствува изгубен и дека при секое потсетување на сè што се случило таа кобна ноќ, тој доживува блесоци и го оживува тоа сценарио.

Рајан помина неколку недели во болница поради последиците од повредата, а поради фактот што му биле оштетени белите дробови бил сместен на одделот за интензивна нега.

„Луѓето ми приоѓаат за време на моите утрински прошетки. Тие сакаат да ја споделат мојата болка за момент, а потоа продолжуваат и ме оставаат да ја проживувам траумата. Чудна работа е да се биде познат по траумата од која сè уште се опоравувам“, ги опиша несаканите интеракции со кои се справува, а потоа се заблагодари за љубезноста и грижата што му ја покажува околината.

„Не сум подготвен да се грижам за кучињата, мојата цел ја нема“, напиша Фишер, објаснувајќи дека тоа му било најтешко.

„Ако ми се чини дека кучето е во опасност, јас сум во состојба на висока подготвеност, а потоа доживувам нервен слом и почнувам да плачам“, напиша Рајан во описот на фотографијата на Инстаграм.

Слични содржини