Црн облак над француското небо: Торнадо направи голема штета (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Градоначалникот Беноа-Винсан Кеј за BFMTV изјави дека околу две третини од куќите во градот биле оштетени во невремето.

Силните ветрови придружени со дожд ги откорнаа покривите на куќите, а невремето ги прекина и далноводите во голем дел од северна Франција, објавија во понеделник властите на департманот Па-де-Кале.

Околу 150 жители на градот Бихукур, североисточно од Амиен, биле повикани да ги напуштат своите домови. Едно лице е полесно повредено.

Слични содржини