Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Д-р Јовановиќ: Најголем извор на пренос на инфекцијата се младите лица

Д-р Јовановиќ: Најголем извор на пренос на инфекцијата се младите лица

Директорот на Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ во Србија, Верица Јовановиќ, вели дека првиот бран на коронавирусот не е завршен и дека има зголемување на бројот на заразени лица во Србија, но и во околните земји.

„Очекувавме дека зголемувањето на бројот на заразени лица и новиот бран ќе се случи дури на есен, но во првиот бран, кој сè уште не заврши, има зголемување на бројот на заболени во Србија, но и во околните земји“, рече Јовановиќ.

Таа изјави дека олеснувањето на мерките е оправдано, но дека задолжителната мерка за превенција останува ддржење дистанца, носење маски, хигиена на рацете.

На прашањето дали вирусот се менува, бидејќи најголем број заразени луѓе сега е меѓу помладата популација, таа изјави дека нема докази дека имало промена во самата структура на вирусот.

Младите најмногу се разболуваат

„Клиничката слика сега е сменета во однос на почетокот на епидемијата. Тие се претежно асимптоматски случаи или пациенти со поблага клиничка слика. Вирусот е најприсутен на возраст од 20 до 40 години“, рече таа.

Според него, најголем извор на пренесување на инфекцијата се луѓето кои не знаат дека го носат вирусот, затоа што немаат никакви симптоми, а продолжуваат со своите секојдневни активности.

„Во затворен простор, вирусот лесно се пренесува, се шири лесно. Помладата популација сега доминира затоа што тие се многу поактивни“, посочи таа.
Постарите граѓани и луѓето кои имаат хронични заболувања – дијабетес, кардиоваскуларни заболувања, сè уште се изложени на посебен ризик, бидејќи вирусот може да предизвика потешка форма на болеста кај нив.

loading...