Дали е добро во домот да имате амајлија ловец на соништа?

од desk4

За некои ловецот на соништа (dreamcatcher) е само интересен украс, но многумина веруваат дека има и магична моќ.

Според верувањата на Индијанците, секој кој ја има оваа амајлија над својот кревет, никогаш веќе нема да има кошмари и секоја ноќ ќе спие мирно и спокојно.

За да има ефект, според Индијанците, предметот треба да биде рачно изработен. Кружниот обрач се прави од врба, мрежата од природен конец, а се украсува со пердуви од природата, а не вештачки произведени.

Мрежата треба да наликува на пајакова мрежа, да има осум чворови, а овој број е симбол и на пајакот и на учењето, мудроста и енергијата, според верувањата на Индијанците.

Кошмарите кои се „фатиле“ во ловецот на соништа исчезнуваат со изгрејсонцето, па затоа амајлијата треба да биде поставена во дел од собата каде навлегуваат првите утрински зраци.

Индијанците го користеле и како тотем кој привлекува позитивна енергија и ги уништува негативните вибрации.

Но, верувале вие во неговата моќ или не, она што е сигурно е дека се работи за навистина убав и мистичен украс, кој одлично се вклопува во повеќе стилови на уредување на ентериер.

Слични содржини