Дали коронавирусот конечно слабее? Она што го велат стручњаците (не) дава одговор на ова прашање

од Aleksandar Petrovski

Во Италија, четири месеци по почетокот на кризата со коронавирусот, се намалува бројот на нови случаи, што некои експерти го објаснуваат со слабеење на вирусот, а со кои не се согласуваат нивните колеги, кои сметаат дека епидемиолошките податоци се резултат на рестриктивни мерки.

Во италијанската научна заедница има дебата, затоа што во заедничката изјава на 10 експерти, пренесени од медиумите, се наведува дека сега постои помал ризик состојбата на организмот да се влоши како резултат на вирусот „ковид-19“, бидејќи, како што велат, вирусот е послаб од порано.

Тие изјавуваат дека е намален бројот на заразени лица со симптоми и дека се намалува бројот на болнички пациенти со ковид-19.

Некои вирусолози и епидемиолози реагираа бурно на тоа, потенцирајќи дека слабеењето на вирусот е само илузија и резултат на строги мерки.

Научниот и технички комитет, кој ја советува италијанската влада – Силвио Брусаферо, Франко Локатели, Џузепе Иполито и Џовани Река, посочува дека вирусот сè уште циркулира и не е помалку агресивен, посочувајќи на ширењето на вирусот во кланиците во Германија и ситуацијата во Португалија со нова блокада во Лисабон.

Италија е првата европска земја што во почетокот на март воведе строги карантински мерки на целата територија со цел да го спречи ширењето на вирусот, и излезе од блокадата со постепено олеснување на мерките по околу три месеци.

Од почетокот на кризата со вирусот „ковид-19“ во Италија, заразени се скоро 239.000 луѓе, закрепнале околу 184.000, а повеќе од 34.000 починале како резултат на тој вирус, поради што земјата е на четвртото место во светот по бројот на жртви од ковид-19 по Соединетите држави, Бразил и Велика Британија.

Слични содржини