Дали Лукашенко случајно ја откри следната мета на Русија (ВИДЕО)

од Milan1

Белорускиот претседател и најголем сојузник на Путин, Александар Лукашенко вчера се обрати во живо пред Советот за безбедност преку видео врска. Лукашенко застана пред мапата и употреби стап за да го прикаже планираното движење на војниците и цели во Украина.

Но, Лукашенко можеби случајно открил уште една од можните цели на Путин, напад на Молдавија.

Имено, се чини дека мапата го прикажува движењето на војниците од Одеса кон крајниот југозапад на Украина и кон Молдавија.

Белорускиот новинар Тадеуш Гиџан објави на Твитер дека мапата изгледа како вистинска карта на инвазијата. „Тоа ги прикажува воените објекти на Украина уништени со ракети од Белорусија и насоките на нападот. Украина е поделена на четири сектори на картата“, рече тој, додавајќи дека единствениот напад на картата од Одеса до Молдавија сè уште не бил преземен.

Слични содржини