Дали оваа позната манекенка е новата девојка на Бред Пит? (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Бред Пит (58) наводно нашол замена за Анџелина Џоли со која беше во брак, па се посветил на познатата манекенка Емили Ратајковски.

Странските медиуми објавија дека Бред поминувал многу време со Емили, а веста за нивната романса се појавила откако биле фатени заедно во едно кафуле во Њујорк.

Емили се разведува по четири години брак со Себастијан Бур-МекКлард, а Бред се справува со нови обвинувања од Анџелина Џоли.

Деновиве се појави веста дека актерката Анџелина Џоли под лажно име поднела обвинение против ФБИ бидејќи агентите на американската разузнавачка служба одбиле да ја спроведат истрагата против нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит за конфронтацијата што се случила во нивниот приватен авион во 2016 година.

После тоа беа објавени фотографии од модринките кои Анџелина наводно ги добила од Бред во авионот.

Слични содржини