Дали првата дама на САД има проблеми со здравјето? Бајден ќе ја придружува на преглед

од Stefanija Kuzmanovska

Белата куќа денес објави дека претседателот Џо Бајден ќе ја придружува неговата сопруга Џил, која денес оди на вообичаена медицинска процедура.

Според Белата куќа, двајцата потоа ќе се вратат во Белата куќа и ќе го продолжат вообичаениот распоред, пренесе АП.

Белата куќа не прецизираше за каква процедура станува збор.

Подоцна денес, американскиот претседател треба да ѝ се обрати на нацијата за плановите за повлекување на американските трупи од Авганистан до 11 септември 2021 година.

Слични содржини