Во Македонија, вкупно се аплицирани 818.295 дози вакцини, а ревакцинирани се 330.320 граѓани, информираат денеска од Министерството за здравство. Но, на многумина од вакцинираните луѓе не им е јасно како да се дружат со пријателите кои поради некоја причина одбиваат да се вакцинираат.
Одговорот може да лежи во вашето општо здравје и здравјето на луѓето околу вас.
„Ако сте целосно вакцинирани, повеќето интеракции не претставуваат ризик за вас, но можеби треба да знаете дали луѓето со кои се дружите не се вакцинирани, само така дружењето ќе се одвива непречено, но притоа тоа може да значи декта теба да ставите маска кога влегувата во зањтворени простории додека сте безбедни на оворено“, препорачуваат лекарите.
Исто така, тие предлагаат дека ако се дружите со пријатели кои се вакцинирани, треба да разговарате зошто не биле вакцинирани или, пак, можете да го споделите вашето искуство по вакцинирањето.
Експертите ширум светот велат дека е во ред да продолжите со старите активности откако сте биле вакцинирани без маска или физичко растојание, сето тоа затоа што докажано е дека вакцините доволно штитат од болести.
„Во најдобар случај тие се ефикасни 95 проценти за да не спасат од болницата. Исто така го намалува ризикот од инфекција, но и ризикот дека ќе го пренесете вирусот на некој друг “, објаснуваат многупати инфектолозите. Вакцините се дизајнирани да спречуваат хоспитализација и смрт. И покрај тоа што вакцините прават одлична работа, тие не се совршени, па затоа понекогаш е потребно да се преземат одредени мерки за заштита.
Луѓето кои имаат послаб имунитет можеби не се доволно заштитени, дури и ако се целосно вакцинирани. Ако мислите дека вашиот имунолошки систем е компромитиран и не сакате да ризикувате, не заборавајте да носите маска.
„Вакцината е одлична работа, но вие не се претворате во Супермен поради тоа. Со оглед на новите варијанти на вирусот што не опкружуваат, тоа е потребно во некои ситуации и дополнителна претпазливост ако сметате дека е неопходна за вас “, предупредуваат лекарите.