Што сè не се кажа, во функција на хушкање на народот еден против друг. Протест пред ДИК ! Нејасно е зошто беше донесен овој народ во заблуда и како кога не е завршена процедурата некој некому ќе му ја украде победата!? Дали протестот беше воопшто да не се расправа за приговорите!? Дали да нема седница на ДИК? Дали ВМРО ДПМНЕ и сите нивни челници од Илија Димовски, Антонио Милошевски, Коце Трајановски, нивниот нов искрен вмровец Стевче Јакимовски, Влатко Ѓорчев и Филип Петровски…. повикуваа на војна, гнев, на бунт на раздор, или забрануваат Kомисијата да носи решенија согласно законот, зашто “треба“ согласно нивната воља. Па тогаш и не мора да заседава, ако цената е да се испоубијат Македонците меѓу себе и ако не смее да се носат одлуки согласно законот.
И дали потоа сите ќе се префрлат и пред Управниот суд и ќе ги вадат ножевите? Пресметува ли некој дека оваа контролирана нестабилност и „квази патриотизам“ може да доведе до онаа нашата стара позната „Братоубиствена прикаска“ на Македонецот. Ама тоа не е патриотизам, драги патриоти. Или власта нема цена?
Демократија ли?
А, тогаш што значат зборовите и повикот на вашата Валентина, пријатна демократска атмосфера без притисок ли? Ајде препрочитајте, па вие кажете ми:
-Да ги поздравам бранителите, оваа вечер е вечер на ножевите, оваа вечер е вечер или на разумот или на лудилото на еден човек. На последниот македонски предавник Зоран Заев. ВМРО- ДПМНЕ никогаш не бил против албанскиот народ. Не заборавајте дека и за Бајрам и за Бадник доаѓаат и честитаат. Зоран Заев, се дрзнеш ли со ВМРО -ДПМНЕ ќе добиете народ ќе добиете Македонија. Домот ќе ни биде пред ДИК, со шатори…
Ќе се случи еден ден во кој ќе кажеме елате браќа и сестри да се собереме и тргнеме, да видиме кој ќе ни биде цар, а кој шпион. Да знае и Чичаковски и Дума оваа вечер со два куршума ги убиваат и Гоце и Ченто – изјави Валентина Божиновска
Крсте Јовановски, актер во театарот „Комедија“, одбра да рецитира стихови од Блаже Коневски од песната „Клетва“. Дел од нив, коишто ги прочита пред толпата, одат вака:
Кога човек ќе изгуби право на смеа да биде умен да дели правда….Тогаш му останува правото да убива во мака!