Демонстрантите ги извалкале ходниците на Конгресот со сопствениот измет

од Stefanija Kuzmanovska

Вработените во зградата на Капитол Хил денес имаа полни раце работа. Зад бунтовниците кои влегоа во оваа историска институција неовластено завчера, остана неверојатен неред. Со графити ги шараа статуите и ѕидовите, искршија прозорци. Но, тоа не е најлошото.

„Дејли меил“ пренесува дека тие вршеле голема нужда во тоалетите, а потоа изметот го разнесувале низ ходниците. Вработените во Конгресот, чистачите и чуварите на редот, велат дека сè е полно со кафени стапалки. Логично е да се претпостави дека поддржувачите на Трамп намерно ги ширеле.

Инцидентот, кој го шокираше светот, резултираше со тоа тројца главни безбедносни офицери во Капитол да бидат принудени да дадат оставка затоа што не успеале да го запрат пробивот на толпата.

Крваваиот поход резултираше со пет човечки жртви, меѓу кои и еден полицаец, кој исто така беше приврзаник на Трамп.

Тој си ја вршеше својата работа кога бунтовниците го удрија во главата со апарат за гаснење пожар.

 

Слични содржини