Денес ќе се оддржи панел дискусија онлајн насловена „Што знаеме за младите и што ќе донесе пописот“

Денес Младиинфо Интернационал во рамки на Регионалната конференција на тема „Одржливост на младинските организации во време на пандемија и по пандемијата“, ќе оддржи панел дискусија која ќе се одвива онлајн, а ќе биде насловена како „Што знаеме за младите и што ново ќе донесе пописот“.

Говорници на настанот ќе бидат Ѓорѓи Тасев, посебен советник за млади и спорт во Владата на Република Северна Македонија, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, Алберт Хани директор на канцеларијата на РИКО и Димитар Низамовски, извршен директор на Младински Образовен Форум (МОФ).

Слични содржини