Дензел Вашингтон и Џулија Робертс повторно заедно на филм по 30 години

од Vladimir Zorba

Џулија Робертс и Дензел Вашингтон повторно ќе глумат заедно во филмот „Leave the World Behind“, кој ќе се прикаже на „Нетфликс“.

Последниот пат кога двајцата актери работеа заедно беше пред скоро три децении во „The Pelican Brief“.

„Leave the World Behind“ се базира на романот на Руман Алам, а филмот ќе го напише и режира Сем Исмаил, креатор на серијата „Mr Robot“. Книгата ќе биде објавена оваа есен во едицијата „HarperCollins“.

Заплетот на филмот е за две добронамерни семејства, едно црно и едно бело, кои, случајно, споделуваат изолирана викендичка среде недостаток на електрична енергија и општ колапс што го зафаќа целиот град.

Кога Интернет, ТВ и радиото ќе престанат да работат, како и фиксните мрежи, тие не можат да откријат што се случува.

Чудни звуци го нарушуваат мирот во селото, а животните почнуваат да мигрираат на чудни начини. Физичкото и менталното здравје на семејствата почнува да се распаѓа, е краткиот вовед во овој трилер.

Џулија Робертс ќе ја игра Аманда во филмот, а Вашингтон ќе биде сопственик на куќата изнајмена од нејзиното семејство.

Netflix го доби овој проект, што го сакаа и Apple и MGM. Робертс ќе го продуцира преку нејзината „Red Om Films“, а во тоа ќе и помогне и Вашингтон.

Слични содржини