Дерковски: Има 38.000 неподигнати лични карти од шалтерите на МВР

од Берта Китинска

После завршувањето на вкрстените проверки, користејќи ги базите на податоци на повеќе институции во нашата држава се констатира одредена состојба во изборачкиот список – се увиде дека кај 39.000 граѓани има потреба од дополнителна проверка на податоците. Тоа се направи и беше констатирано дека тие податоци се во ред и најголем дел од тие граѓани (32.000-33.000) се вратија во избирачкиот список, на оваа тема во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ гостуваше претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

-Се покажа дека повеќе беше политичка перцепција проблемот кој што се наметна во јавноста отколку што реално има. Треба да се сфати дека во Избирачкиот список секогаш ќе има одредени проблеми затоа што тоа е менлива категорија, која на секојдневна основа се менува. Секој ден имате починати лица, полнолетни лица, промени на адреси… Јас ја користам оваа прилика сите оние кои поднеле барање и се изготвила личната карта да одат и да си ја подигнат доколку сакаат да гласаат. Имаме 38.000 неподигнати лични карти- вели Дерковски.

Слични содржини