Десерт во кој ќе уживаат и децата и возрасните: Какао палачинки

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 2 јајца

– 2 лажици шеќер

– 1 лажица какао

– прстофат сол

– 120 гр брашно

– 50 гр путер

– 2 дл млеко

– 1 дл вода

– мармалад, чоколадо или овошје по избор

Подготовка:

Растопете го путерот. Во посебен сад измешајте ги брашното и какаото.

Изматете ги јајца или измешајте рачно со шеќер и малку сол.

Потоа додадете го растопениот путер и добро измешајте.

Додадете ја смесата со брашно и какао во садот, добро измешајте и потоа додајте ги млекото и водата во неколку наврати. Добро измешајте за да се ослободите од грутките.

Оставете ја смесата во фрижидер еден час.

Смесата можете да ја подготвите и ден пред печењето.

Наполнете со мармалад по ваш избор, крем или користете овошје. Свиткајте ги палачинките и декорирајте ги со шеќер во прав, растопено чоколадо или шлаг.

Слични содржини