Десетици локални бизниси добија грант за помош и развој

Петсотини евра грантови за набавка на стоки и материјали за започнување на развој на постоечки бизниси, со кои ќе се помогнат дејности, како земјотелски и занаетчиски дејности, во рамки на три општини.

Договори во рамки на тоа, денес беа потпишано во општина Гостивар, со што се заокружи проектот „Борба против ширењето и ублажување на најсериозните негативни последици од Ковид 19 пандемијата кај маргинализираните заедници на Западен Балкан“.

Проектот во Македонија го спроведува хуманитарно и добротворно здружение на Ромите – „Месечина“ од Гостивар, во соработка со десет партнерски организации во Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија.

„Иако требаше да ги заокружиме овие активности кон крајот на декември, од објективни причини рокот малку се оддолжи. Денеска потпишавме договори со 15 претставници на веќе постоечки мали и средни бизниси и лица кои сакаат да започнат со работа. Со грантот од по 500 евра ќе им се помогне да набават опрема и материјали за нивниот бизнис“, истакна Мухамед Точи, претседател на „Месечина“.

На потпишувањето на договорите со корисниците присуствуваше и првиот човек на Општина Гостивар, Арбен Таравари и при тоа ја поздрави иницијативата.

„Во ова време на пандемијата и поголеми компании на светско ниво се соочуваат со криза. Ова што доаѓа како помош од соработката на Кер Интернешнл (CARE international) и Месечина е добредојдено. Помошта секако многу ќе им користи на малите и средни претпријатија кои се најмногу погодени од последиците од пандемијата“, посочи градоначалникот Таравари.

Слични содржини