Десетици тела на авганистански војници пронајдени по напад од Талибани

од desk2

Тела на десетици авганистански војници се пронајдени во базата што талибанските борци ја нападнаа минатата недела во јужната провинција Урузган, соопштија воени власти.

Гувернерот на областа рече дека досега се пронајдени и транспортирани тела на 40 војници. Но многу војници се уште се водат за исчезнати по нападот кој се случи на 3 август.

Талибаните, пак, соопштија дека во судирите во базата и на неколку контролни пунктови загинале 46 авганистански војници и дека војници не се убивани во талибанските центри за притвор.

Слични содржини