Дешан: Гризман веќе може да се концентрира на Светското

од Vladimir Zorba

Францускиот селектор Дидие Дешан е задоволен што сагата за иднината на Антоан Гризман е завршена.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид избра да остане во клубот и сега може целосно да се концентрира на неговиот настап на Светското првенство во Русија.

Франција го започнува своето првенство утре против Австралија.

„Сега во главата на Гризман нема да има излишни мисли и тој ќе може да се фокусира на играта на теренот. Тоа е добро“, прокоментира кратко Дешамп.

Слични содржини