Дескоски: Зеленски ќе ја плати цената за лизгањето на Трамп

од Даниел Ѓорѓиевски
281 прегледи

Претседателот Трамп секогаш ја истакнува својата одмаздољубивост кон оние кои му се нашле на патот, вели професорот Тони Дескоски.

„Зеленски му ја „растури“ играта за изборите во 2020 година кога одби да влезе во играта за кривичен прогон на Хантер Бајден за неговите матни зделки во Украина. И не само тоа, одбивањето на Зеленски потоа им даде можност на службениците од САД да ја „протечат“ информацијата дека Трамп пробувал да ја „употреби“ воената помош за Украина, како стимул за Зеленски да влезе во играта за Хантер Бајден.

Зеленски ќе ја плати цената за „лизгањето“ на Трамп, нагласува Дескоски.

“Над тоа, Украина ќе ја плати цената за непромисленоста на Зеленски наспрема Русија и неговото пркосење. Одговорен шеф на држава на негово место, би направил се за да не биде нападнат од соседот Русија. Не постои земја што послужила како „стратешка длабочина“ на која се судираат велесилите, а која не била опустошена. Дури и Кувајт беше значително оштетен по Пустинската бура. Зеленски играше за САД против Русија, а сега Украина ќе плати за тоа. За жал, Трамп е во право дека мировниот договор за Украина мора да се темели на премисата дека Русија е (делумен) победник кој ќе преземе големо парче од Украинската територија. Не поради друго, туку поради состојбата на фронтот. Ни на Италија воопшто не и било драго да загуби територии од Истра и Јадранското крајбрежје, но морала да се помири, затоа што ја изгубила Втората светска војна. По правило, територија се освојува (се граба) со војна. Победникот го носи пленот. Е да, САД го добија она што го бараа од војната во Украина. Двата гасоводи Северен тек се затворени, Европа купува скап течен гас од САД (наместо ефтин од Русија), односите на ЕУ и Русија се разорени, Германската економија е пред (или можеби веќе во) рецесија, Шведска и Финска се во НАТО, рамнотежата во ЕУ е разорена, а евроскептицизмот и ксенофобијата растат. Сега дојде време Европејците да го платат цехот. За сите оние што ликуваат, една незгодна информација. И ние сме Европејци!“, напиша универзитетскиот професор.

Слични содржини