Деспотовски: Ќе се фокусираме на квалитетни инвеститори кои ќе оставаат повеќе пари во државава

од Andreja Salpe

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, во свеото гостување во емисијата Топ Тема на Телма телевизија истакна дека Владата презентирала целосно нов концепт на поттикнување на инвестиции, што подразбира дека подеднакво се фокусирани на компаниите што се од домашната економија.

– Ние пред неколку месеци преззентиравме целосно нов концепт на поттикнување на инвестиции, кои се подеднакво фокусирани на компаниите од домашната економија. Мојата намера е поинтензивно во наредниот период да го презентираме овој нов концепт и да овозможиме што е можно отвораање на поголем број индустриски зони, вели Деспотовски

Тој исто така истакна дека Владата го менува концептот во носењето на инвеститори.

– Кога ќе влезе инвеститор прво правиме анализа, ги бараме проекциите за приходи за наредни 10 години, проекциите за добивка, проекциите за работни места и плати. Врз основа на тоа ние си правиме домашна задача, ги гледаме бројките,  правиме проценка што може да вложи државата и кога државата ќе ги добие парите назад. Оние инвеститори кои оставаат повеќе пари во државата, ќе добијат приоритет и ќе добијат поголема поддршка.

Слични содржини