Детали од ГРОЗОМОРНОТО УБИСТВО на 13-годишно момче во Србија

од Stefanija Kuzmanovska

Во фатална тепачка која се случила на поткровје од куќа во Нишка бања, беше убиен 13-годишен малолетник, откако врсник го прободел со нож. Сето тоа се случило во домот на момчето кое е осомничено дека му нанело фатални повреди на својот пријател.

Како што неофицијално дознава на местото на настанот порталот „Нова.рс“, семејството на осомниченото момче има лоша репутација.

Соговорниците на порталот наведуваат дека членовите на семејството се познати по насилство, а посочуваат дека малолетникот подолго време носел нож со себе.

Инаку, момчињата кои се тепале се школски другари, од исто одделение, односно се седмо одделение. Родени се во 2010 година.

Засега не е познато кој би можел да биде мотивот за тепачката.

Другото момче е пренесено во болница и е во шок.

Полицијата ги утврдува сите околности на овој случај.

Слични содржини