Деталите се страшни: По 27 години, решен случај на убиство на девојче во Баварија

од Stefanija Kuzmanovska

Убиството на 13-годишно девојче во 1993 година го потресе селото Визенфелд во Долна Франконија во северозападна Баварија. Имаше и осомничени, но сторителот не беше фатен. До сега.

Девојчето Сабине Б. не се вратило дома на 15 декември 1993 година. Два дена подоцна, таа била пронајдена мртва на блиската фарма за коњи во јама за ѓубриво, која била затворена од тешка бетонска плоча.

Било откриено дека е убиена на крајно брутален начин. Истражителите откриле траги на насилство на вратот и главата, а во устата ѝ била набутана слама.

Постоеле тројца осомничени

Во тоа време имало тројца осомничени – 17-годишник од околината, 29-годишник од Визенфелд и 15-годишник, исто така од Визенфелд.

Најмладиот беше најсомнителен, неговите сведоштва беа полни со контрадикторни тврдења. Тој беше апсен три пати и секој пат пуштен на слобода. Тој беше уапсен и за второто убиство во јуни 1994 година, но исто така беше ослободен. Подоцна почина во сообраќајна несреќа. Случајот потоа полека се „олади“.

Убиецот бил откриен со помош на ДНК

Во меѓувреме, ДНК анализата стана понапредна. Полицијата открила нови траги кои водат до еден од тројцата оригинални осомничени – до еден млад човек од округот Мајн-Спесарт.

Врз основа на потерница издадена од истражен судија, полицијата уапси 44-годишник, соопшти вчера јавното обвинителство. Станува збор за Торстен Е., кој имал 17 години за време на злосторството.

Кој бил мотивот за убиството сè уште не е познато, пишува Süddeutsche Zeitung.

Слични содржини