Дете го нацртало целиот албум на Панини, бидејќи мајка му не можела да му го купи

од desk2
106 прегледи

Секоја парна година, децата, мажите, но и многу жени трпеливо ја чекаат пролетта и албумот на Панини, кој го исполнуваат со сликички од фудбалери. Купуваат сликички, се менуваат со дупликати, а “најзапалените” фанови го пополнуваат албумот до почетокот на првенството.

Едно 8-годишно дете од Бразил оваа година немало среќа да го добие албумот со сликички на Панини. Одлучил да го направи сам. Со денови трпеливо го правел албумот, а потоа се фрлил на цртање на сликичките од славните фудбалери, бидејќи неговата мајка не можела да си дозволи албум и сликички.

“Кога го заврши, рече дека ќе го однесе во училиште. Се плашев дека ќе го исмејуваат”, вели мајката на детето. Меѓутоа, децата во одделението биле воодушевени.

“Сакам да бидам креативен како него и исто така да цртам”, рекол пријател на детето, кое е наш денешен јунак.

https://www.youtube.com/watch?v=99bunUy68zI