Девет мртви во украинскиот напад врз окупираниот јужен регион

од Vladimir Zorba

Девет лица загинаа во петокот во украински воздушен напад врз окупираниот украински јужен регион, потврди официјален претставник на локалните проруски власти.

„Девет мртви луѓе беа извлечени од урнатините“, изјави Владимир Салдо, шеф на проруските локални власти.

Претходно, друг функционер на окупаторските власти ги обвини украинските сили за гранатирање на „цивилната инфраструктура“ во селото Чаплинка во областа Керсон.

Константин Башјук најпрвин изнесе информација за седум загинати и двајца ранети „за чии животи лекарите се борат“.

Во нападот во Украина беа погодени дом за стари лица и канцеларија за невработени.

Чаплинка се наоѓа на околу 100 километри од Херсон, регионалниот главен град што Украинците го вратија под своја контрола во ноември 2022 година.

Русија сè уште држи голем дел од споменатиот украински регион, а борбите меѓу двете страни се жестоки.

Во јуни Украина започна офанзива која се покажа како многу тешка и не постигна никаков успех.

Слични содржини