Девет пожарникари го гаснеа пожарот во станбено-деловниот комплекс на плоштадот во Тетово

од Берта Китинска

Пожар избувна вчера околу 22 часот на покривот од станбено-деловниот комплекс наречен Чешел на градскиот плоштад во Тетово, при што нема повредени лица. Пожарот избувнал на покривот од деловните канцеларии, а го изгаснале девет пожарникари со три возила.

– Релативно брзо дојдовме на местото и успеавме да го изгасиме пожарот додека траеше на покривот од комплексот. За среќа, спречивме да навлезе во канцелариите и во становите, изјави Ука Алити, командант на пожарникарите.

Од СВР Тетово инфомираат дека кај нив пожарот бил пријавен во 23.40 часот, а дека увид ќе се врши во текот на денот.

Слични содржини