Девизните резерви и понатаму на соодветно ниво и во сигурната зона

од Vladimir Zorba

Девизните резерви и понатаму се на соодветното ниво и во сигурната зона, соопштија од Народната банка.

Во периодот јули – август, е остварен откуп на девизи од страна на Народната банка согласно со поволните движења на девизниот пазар, беше отплатена еврообврзницата издадена во 2014 година и беа распределени 160 милиони евра од специјалните права на влечење од страна на ММФ. На збирна основа, растот на девизните резерви од почетокот на годината е нешто повисок од очекуваниот според априлските проекции.

Во јули 2021 година, трговскиот дефицит е нешто повисок од очекуваниот за третиот квартал од годината, но периодот на оцена е премногу кус за носење попрецизни заклучоци. Последните расположливи податоци за менувачкото работење укажуваат на можност за остварување повисоки нето-приливи од приватни трансфери од очекуваните за третиот квартал од 2021 година.

Слични содржини