Џафери: Со вонредната состојба, Владата ќе го регулира делот за одложување на изборите

од Aleksandar Todeski
203 прегледи

Општа е констатацијата, а моја исто така е дека не се неопходни и не треба да се одржуваат изборите. Другите околности по однос на предизборните и изборните состојби ќе ги регулира Владата, истакна претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Од правен аспект, со експретите заклучокот е дека Собранието не е во можност да се собере како резултат на претходната одлука за самораспуштање, со што Собранието го има вратено суверенитетот кај граѓаните. Во тој конткест, предлогот беше дека е неопходно да се објави вонредна состојба, која ќе овомозжи други надлежни институции соодветно да дејствуваат“, рече Џафери.

Според него, единствена и заедничка е констатацијата на експертите дека не може да се собере Собранието, односно дека тие биле на иста линија со неговиот став дека откако се распуштило, Собранието не може да се врати на мандатот.

„Владата со уредба не може да ја укине одлуката за самораспуштање, тоа е единствено надлежност на Уставниот суд, но може да го стави во мирување решението за избори. Со тоа, владата може да ги пролонгира изборите, а не и да ја поништи одлуката за избори. Сите сме свесни за состојбата. Кога се работи за свесноста, и институционално и професионално. Посвесен од мене не би требало да има, имајќи го предвид претходното искуство, што би значело вонредна или воена состојба, но согласно на тоа, сметам дека Собранието не е во можност да се собере, па затоа треба претседателот да одлучи за вонредна состојба“, рече Џафери.

Претседателот на Собранието истакна дека тоа што пратениците уште на хартија се пратеници, како и дека ќе продолжат да земаат плата, додавајќи дека ако некој смета дека е непотребно тие да земаат плата, треба да поднесе претставка до Уставниот суд.

Џафери посочува дека кога се распуштило Собранието, никој не можел да предвиди што ќе се случи во државата.

„За да се сочува правниот, легитимниот процес и систем, мора да се раководиме од правната логика, кој е кој, кој е што во вакви ситуации. Друга работа би била ако ескалирала ситуацијата со вирусот пред 16 февруари, па тогаш да се расправа за вонредна состојба и тогаш политичката одлука да се има избори на 12 април, тука се конците побркани. Би требало сите да се сконцентрираме на тежиштето на состојбите, а не нечија плата“, вели тој.

 

 

Слични содржини