Од моментот на објавување на состојбата, надлежностите на Собранието преминуваат кај владата, која со Уредби во сила на Закон ќе треба да доуредува, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.
„Она што е најавено дека Владата ќе испрати одлука, јас сум во очекување и се уште не е стигната. Таа е во подготовка и очекувам да ја добијам во секој момент. Предлог-одлуката за вонредна состојба, врз основа на Уставот, поради општа констатација дека Собранието не може да се собере, ќе биде упатена надлежноста кај претседателот на државата и се надевам дека тој ќе постапи сходно на тоа што е проценка“, рече Џафери.
Како индиректна причина за неможноста за собирање на Собранието, тој ја посочи мерката за забрана за собирање во поголеми групи, во затворена просторија.