Џамбаски: Во С. Македонија прават сè за да се попишат што помалку Бугари

од Nikola Popovski

Властите на Северна Македонија прават се што е можно за помалку луѓе да се попишат дека се Бугари за време на пописот, изјавил бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.

Според политичарот, властите ги заплашуваат македонските Бугари преку медиумите, полицијата, специјалните служби кои одат од куќа до куќа и на различни начини ги тераат етничките Бугари да не зборуваат за нивното бугарско потекло. Целта на таквото однесување е да се направат Бугарите на новиот попис да бидат толку мала етничка група како Србите и Бошњаците.

„Да бидат што е можно помалку, така што тие би биле маргинална група, слична на српските, бошњачките и другите групи што се навистина маргинални во Северна Македонија“, рече Џамбаски.

„Наместо тоа, тие се занимаваат со притисок, понижување и навреди на сметка на Бугарите што живеат во Северна Македонија“, истакна бугарскиот пратеник.

Пописот во земјава е прв после 2002 година. Досега се попишани над 711.000 жители. Во исто време попис се одржува и во Бугарија.

Слични содржини