Џејми Оливер ослабнал без гладување

од desk4

„Голиот готвач“ Џејми Оливер откри дека изгубил 12 килограми и тоа без држење ригорозна диета. Оливер во исхраната воведе две едноставни променни и успешно ја дотера својата линија.

– Многу брзо ослабнав 12 килограми, а не го постигнав тоа со гладување. Јадев понекогаш и повеќе од порано – откри славниот готвач.

Тој прво го заменил црвеното месо со јаткасти плодови за да го задржи оптималниот внес на протеини и масти во организмот.
– Јаткастите плодови се многу по здрава опција бидејќи го намалуваат ризикот од срцев удар за 50%. Понудете им ги на децата – советува тој.
Јаткастите плодови содржат здрави масти, влакна и протеини, а тоа е комбинацијата која ќе ви помогне подолго да останете сити. Со храна богата со здрави нутриенти се намалува и ризикот од срцеви и кардиоваскуларни заболувања. Оптималната дневна доза е една рака јаткасати плодови, а ако целта ви е слабеење, не ја зголемувајте.
Вториот трик е намалување на внесот на алкохол, кој го пие само за викенд.
– Просечен Британец сака да пие секој ден. Не треба јас да ви зборувам што да правите, но мојот режим ми дозволува алкохол само преку викенд – вели тој и додава дека на тој начин го  намалил внесувањето непотребни калории до 400 cal на ден.
И покрај сите промени, славниот готвач истакнува дека не е поборник на драстично менување на прехрамбените навики кои вклучуваат исфрлање некои видови продукти, бидејќи тоа може да резултира со несакани последици по здравјето.
Џејми во последно време ја пропагира здравата исхрана заснована на билки, а неодамна го објави готвачот „Вег“ кој е посветен на приготвување јадења без месо.

Слични содржини