„Џејмс Бонд кој беше игран од Шон Конери, во основа беше силувач“

од Nikola Popovski

Американскиот режисер Кери Фукунага шокираше многу обожаватели на славниот агент „007“ коментирајќи го концептот на првиот лик на Џејмс Бонд што го играше Шон Конери.

„Џејмс Бонд на Шон Конери во основа беше силувач“, изјави Кери за „Холивуд репортер“.

Тој го објасни своето тврдење со коментар на сцена од филмот „Thunderball“ во 1965 година.

Во сцената за која станува збор, Бонд се среќава со Патриша Фиринг, медицинска сестра чиј лик мајсторски го играше актерката Моли Питерс.

Сцената на филмот го покажува насилниот обид на Бонд да ја бакне Патриша, откако таа го оттурнала од неа.

Сепак, бакнежот меѓу нив двајца сепак се случил, а подоцна таа го замолила да не му каже ништо на газдата, бидејќи може да ја загуби работата.

„Претпоставувам дека мојата тишина може да има своја цена“, одговара Бонд, влечејќи ја во собата, иако не сакала да има никаква врска со него.

Продуцентот на филмот, Барбара Броколи, исто така ги коментираше овие тврдења, наведувајќи дека ликот на Џејмс Бонд се променил со текот на годините, но и делови од филмот.

„Мислам дека луѓето полека сфаќаат дека некои постапки не се прифатливи. Ликот на Бонд има долга историја на постоење, сепак, постои голема разлика во начинот на прикажување на ликот на Бонд во сегашноста и во минатото“, рече таа.

Да потсетиме, неодамна беше објавен трејлер за 25-от дел од Џејмс Бонд.

Филмот се вика „No Time to Die“, а ова е последното појавување на Даниел Крег во улогата на агентот 007.

Филмот треба да се појави во кината на 30 септември, а американскиот режисер Кери истакна дека женските ликови ќе бидат еднакви во филмот со познатиот агент.

Слични содржини