Џенифер Гарнер го следи трендот “позирање без шминка“

од Vladimir Zorba

Дури и после исцрпувачки ден, Џенифер Гарнер изгледа зачудувачки. Следејќи го трендот забележан кај многу други ѕвезди, актерката исто така објави фотографија на која е без шминка.

Со овој кадар, таа ја пренесе емоцијата на “Да ден”. Овој вид детски одмор е производ на Ејми Круз Розентал, автор на бајките за деца, кој ги напишала книга во 2009 година со ист наслов.

Џенифер и нејзините три деца, Виолет, Серафина и Самуел, го прославуваат тој ден пет години, објаснува таа на фотографијата објавена во Инстаграм. Овој неофицијален детски одмор е време кога децата имаат право на желби што родителите ќе ги задоволат, но во разумни граници, секако.

Една од желбите на децата на Џенифер и Бен Афлек беше да спијат во шатор во дворот. Во својот пост таа нагласува дека по “Да ден” потребата за кафе е најголема.

И покрај нејзината исцрпеност и недостаток на шминка, Џенифер изгледа фантастично.

Фото: Instagram

Слични содржини