Џенифер Лоренс е бремена, го очекува своето прво дете

од Vladimir Zorba

Холивудската актерка Џенифер Лоренс е бремена, пренесува порталот „Page Six“.

Ова ќе биде прво дете за оскаровката и нејзиниот сопруг Кук Маруни (37). Веста ја потврди нејзината портпаролка за странските медиуми.

Џенифер и Кук се венчаа пред две години на Род Ајленд по тригодишна врска. Свадбата се одржа во луксузна вила, а прославата беше тајна до денот на венчавката.
На церемонијата, меѓу другите, присуствуваа Адел, Ејми Шумер, Крис Џенер и Ема Стоун.

Кук поседува уметничка галерија во Њујорк и ретко се појавува на социјални настани.

Слични содржини