Џесика Алба ужива на плажа во малку поинаква комбинација на костими за капење (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката и претприемачка Џесика Алба го помина својот летен одмор во Мексико. Во друштво на нејзиниот сопруг Кеш Ворен, ќерките Онор и Хејвен и синот Хејс, уживаше во морските радости.

Наместо класичен едноделен или дводелен костим за капење, Џесика за себе избра малку поинаква комбинација на костими за капење.

Заедно со шарениот бикини топ, таа комбинираше кратки шорцеви за капење во црна боја. Моделот со висок струк убаво ја обликува фигурата, а може да се искористи и за камуфлажа на стомакот доколку се чувствуваме малку несигурни.

Шорцевите за капење веќе не се ништо невообичаено на плажите ширум светот. Модели во сите големини и должини се достапни на пазарот.

Слични содржини