Џез фестивалот „Jazz Fortnight” во Македонска Каменица

од desk4
197 прегледи
   Македонска Каменица синоќа беше втората станица на првото издание на новиот џез фестивал „Jazz Fortnight” кој ќе се одржи во вкупно седум града со вкупно предвидени шест состави што ќе одржат 15 концерти. За синоќешната програма пред каменичани беа задолжени Симон Киселички Трио, перформанс што, како што истакна директорот на Културно информативниот центар „Романса”, првпат се одржа во Македонска Каменица.