Џиџи Хадид во опуштено издание не го крие целулитот и лицето без шминка (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Мајчинството многу го смени познатиот модел Џиџи Хадид. Нејзината мала ќерка Каи стана центар на нејзиниот свет. Убавата Џиџи сега може да се види во полежерни изданија.

Таа неодамна беше снимена како шета по улиците на Њујорк во опуштено издание. Имаше шарена шапка на главата, носеше шорцеви, бела маица, додека на нозете имаше затворени крзнени папучи.

Во последно време, нејзините комбинации стануваат чудни, бидејќи сите се навикнати на нејзините гламурозни изданија.

Но, сепак, жените ширум светот беа воодушевени што моделот не го крие целулитот, лицето без шминка и помалку затегнатото тело, со оглед на тоа дека живееме во свет на „лажна инстаграмска убавина“.

Слични содржини